Рецепти
Чоколадни крофни со ванила крем Ана Ристеска

Домашни крофни со чоколаден прелив и ванила крем кои одлично одат со чаша топло млеко

ТИП НА РЕЦЕПТ

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(1 Килограм)

Квасец(1 )

Шеќер(11 Супени лажици)

Вода(500 Милилитри)

Масло(1 Чаша)

Млеко(1 Литар)

Пудинг од ванила(2 Пакувања)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 80 минути

  1. Во подлабок сад се замесува тестото од брашното, квасецот, шеќерот (3 лажици), маслото и од топлата вода. Се остава да стаса.
  2. Откако тестото ќе стаса, со сукало развлекуваме кора со дебелина 1см. Со калап за крофни или со чаша вадиме тркалезни форми и ги редиме на прекривка, одозгора ги покриваме да не фатат кора и ги оставаме околу 30 минути да стасаат.
  3. Во меѓувреме го приготвуваме кремот, така што во зовриеното млеко со шеќер (8 лажици) го додаваме претходно растворениот прашок за пудинг и вариме крем. Оставаме да се излади.
  4. Откако ќе стасаат крофните, ги пржиме во врело масло и ги редиме на сад за колачи врз хартиена салфетка за да го впие вишокот масло.
  5. Секоја крофна, една по една, ја расекуваме хоризонтолно на половина, но не до крај, и ставаме по неколку лажички од ванила кремот. Ги затвораме и одозора прелеваме со глазура од чоколадо.

Глазура: 1 и пол лажица шеќер, 1 и пол лажица млеко, половина лажица зејтин, 50 грамa црно чоколадо и 1 кафена лажица путер се мешаат на тивок оган и откога смесата ќе се соедини, се посипува врз крофните.

Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: