Рецепти
Чоколадно маршмалоу Ана Ѓорова

Вкусни колачиња со пена од белки и чоколадна глазура

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Маргарин(220 Грама)

Шеќер(420 Грама)

Јајце(3 )

Брашно(450 Грама)

Какао(1 Кафена лажица)

Цимет

Прашок за печиво

Вода(120 Милилитри)

Белка од јајце(4 )

Мед(4 Супени лажици)

Желатин(4 Супени лажици)

Црно чоколадо(1 Пакување)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

За бисквитот:

  1. Во сад изматете 3 јајца со 100 грама шеќер.
  2. Во друг сад ставете го брашното во друг сад и измешајте го со циметот, прашакот за печиво и какаото.
  3. Во средина направете дупка и ставете ја смесата од јајца и шеќер, маргаринот (омекнат на собна температура за да може да се меси). Почнете да месите сè додека не добиете хомогена смеса. Потоа завиткајте ја смесата во фолија и оставете ја да отстои 1 час во фрижидер.
  4. Потоа расукајте ја кората, извадете со кружен калап колачи и печете ги 10 минути во рерна на 200°C. Оставете ги да се ладат.

За пената:

  1. За тоа време подгответе ја пената: ставете го желатинот со малку вода во еден сад да набабри.
  2. Сварете 120 мл вода со 320 г шеќер да добиете сируп. Тргнете го садот настрана и во тоа додајте го пченкарниот сируп (или медот). Додајте го желатинот во садот со шербетот и измешајте, па оставете да се олади.
  3. Во друг сад изматете 4 белки со малку шеќер и сол за да добиете пена. Додајте ја смесата со желатин и шеќер и измешајте за да се соедини сè убаво. Со готварски шприц ставајте од пената над секој од оладените колачи.
  4. Готовите колачи наредете ги во плех и оставете ги да се сушат на собна температура 24 часа. Потоа прелијте ги со топено чоколадо.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: