Рецепти
Чорба од ќофтиња
Брза и вкусна говедска чорба со мелено месо и зеленчук
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Морков(1 )
Ловоров лист(1 )
Мешано мелено месо(100 Грама)
Компир(1 )
Јајце(1 )
Оцет(1 Супена лажица)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути
- Морковот се ренда и се пропржува со ловоровиот лист да пушти боја.
- Се ставаат во него претходно направени топчиња од мелено месо (околу 100 грама). Во нив се става малку вегета и бибер.
- Се пропржуваат топчињата заедно со морковот, кога ќе фатат малку боја, се налева вода, се става вегета и коцката говедска супа.
- Се остава да зоврие и се вари 10 минути.
- Компирот се сечка ситно и се става во чорбата да се вари уште 10 минути.
- Се става и фиде и се остава да се свари.
- На крајот се мати јајцето со оцетот и се зачинува чорбата. Се става и сечкан магдонос.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во