Рецепти
Џем од домати
Необичен рецепт за домашен џем од домати, јаболки, кора од лимон и рум. Искористете ја фантазијата и испробајте го овој спој на вкусни состојки.
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Домат(3 Килограми)
Јаболко(1 Килограм)
Шеќер(2.5 Килограми)
Лимон(1 )
Ванила стапче(1 )
Рум(1 Децилитар)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 70 минути
- Доматот и јаболките измијте ги и излупете ги и потоа исечете ги на кришки.
- Измешајте ги парчињата домати и јаболки со кора од лимон, исечкано ванилино стапче и шеќер.
- Добиената смеса ставете ја во тенџере на оган и кога ќе зоврие намалете ја температурата, па гответе 1 час и отстранувајте ја пената.
- При крај од готвењето, додајте го румот и ставете во тегли.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во