Рецепти
Динстан пилешки џигер со сланина Ана Ѓорова

Идеја за едноставен и брз ручек од пилешки џигери во црно вино и зачини, со додаток на крцкави парченца сланина која му дава на џигерот вкус на чадено месо

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пилешки џигер(500 Грама)

Кромид(1 Главица)

Сланина(200 Грама)

Домат(1 )

Сува везена црвена пиперка(1 )

Црвено вино(200 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Пред да почнете да го подготвувате џигерот, може да го ставите да постои малку во ладна вода, така ќе се исчисти од крвта и ќе биде повкусен.
  2. Главицата кромид ситно се сечка и се пропржува на масло додека да омекне. Потоа се додава и ситно сечканата сланина и се пропржува заедно со кромидот.
  3. Откако состојките ќе се испржат, во тавата се додаваат ситно исечканата лута сува пиперка, потоа и излупениот, па изрендан домат. Се додава сол по вкус.
  4. Џигерот во исто време во посебен сад се става малку да се свари, потоа се вади од водата и се сече на средни коцкички. Исечканиот џигер се додава во тавата со пржената сланина.
  5. Добро се промешува, се додава бибер и виното. Јадењето се остава да се динста 20-30 минути, зависи од тоа колку време ќе му треба на џигерот за да се зготви.
  6. Кога џигерот ќе биде добро испржен, пред крајот се додава и мешан зачин, а по желба и други зачини. Се сервира со пире или со варени компири.
Кремаста паста со печурки без масло
Туна ќофтиња
Дроб во кошулица
Пилешки дроб и срца
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Посна сарма со праз и шампињони
Пилешко во павлака
Филе Велингтон
Тестенини со сос од туна
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Ѓевречиња од мелено месо
Зелка на грчки начин

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: