Рецепти
Домашни канелони со печурки и бешамел сос
Италијански специјалитет од домашни тестенини со фил од печурки и домашен бешамел сос
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Италијанска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Брашно(500 грама за тестото )
Јајце(4 за тестото )
Маслиново масло(1 лажица за тестото )
Сол(малку за тестото )
Путер(50 грама за бешамел сосот )
Брашно(50 грама за бешамел сосот )
Млеко(1/2 литар за бешамел сосот )
Кисела павлака(2 децилитри за бешамел сосот )
Сирење(200 грама за бешамел сосот )
Рендан пармезан(6 лажици )
Свежи шампињони(300 Грама)
Рендан кашкавал(80 Грама)
Пршута(50 Грама)
Млеко(1 Чаша)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути
Тесто
- Брашното ставете го во сад, додајте ги јајцата, прстофат сол и лажица маслиново масло. Измешајте ја добро смесата додека да добиете еластично тесто.
- Тестото покријте го со крпа, потоа повторно замесете го и со сукало расукајте кори со дебелина од околу 1-1,5 мм и оставете го да мирува уште 15 минути.
- Исечете го тестото на правоаголници со димензии околу 12х16 см.
- Сварете ги кратко правоаголниците во солена вода, исцедете ги и исплакнете ги под млаз ладна вода. Распоредете ги врз крпа за да се исушат.
Бешамел сос
- Во тава се топи путерот и се пропржува брашното многу кратко и со постојано мешање. Се додава млеко и се готви на умерена температура додека смесата не згусне.
- Се додаваат киселата павлака и ренданото сирење (употребете посуво сирење) и повторно се промешува и готви додека не се добие посакуваната густина на сосот. Може по желба да додадете и малку лукче и бибер.
Фил
- Во тава на масло пржете ги сечканите шампињони на ленти со малку сол и вода.
- Откако ќе се пропржат, измешајте ги со 2/3 од бешамел сосот и 3 лажици рендан пармезан.
Финална постапка
- Малку од филот распоредете го на една подолга страна на еден правоаголник (тесто), полека свиткајте од крајот со филот кон кората како цилиндар. Постапката повторете ја со останатиот фил.
- Така филуваните канелони наредете ги врз намастен плех.
- Пршутот исечкајте го на коцкички и ставете го врз канелоните.
- Преостанатиот бешамел сос измешајте го со 1 чаша млеко на оган во тенџере, па прелијте ги канелоните.
- Одозгора наросете рендан пармезан и кашкавал и печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, 20 минути.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во