Рецепти
Есенска торта Ана Ристеска

Совршената есенска торта со која нема да погрешите и трудот ќе ви се исплати

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(18 )

Шеќер(18 супени лажици (пандишпан) )

Мелени ореви(150 Грама (пандишпан) )

Брашно(3 Супени лажици (пандишпан) )

Млеко(500 Милилитри (прв фил) )

Шеќер(18 Супени лажици (прв фил) )

Брашно(6 Супени лажици (прв фил) )

Путер(250 Грама (прв фил) )

Шеќер(300 Грама (втор фил) )

Лешник(400 Грама (втор фил) )

Шлаг во прав(4 кесички (втор фил) )

Млеко(400 милилитри (втор фил) )

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 120 минути

  1. Започнуваме со подготовка на пандишпанот.  Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер, го додаваме шеќерот и откако белките ќе ја добијат потребната цврстина го исклучуваме миксерот.
  2. Потоа во садот ги додаваме брашното и мелените ореви и мешаме додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме смесата во тава за печење обложена со хартија. Тавата ја ставаме во рерна, печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  3. Започнуваме со подготовка на првиот фил. Во тенџере на оган ставаме 1/2 од млекото и го додаваме шеќерот. Преостанатото млеко и брашното ги додаваме во садот со жолчките. Мешаме додека смесата не се соедини. Потоа непрекинато мешајќи со жица ја додаваме смесата во зовриеното млеко во тенџерето на оган.
  4. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Во длабок сад со миксер го матиме путерот додека не стане пенест. Го додаваме изладениот крем и матиме додека првиот фил не се соедини.
  5. Започнуваме со подготовка на вториот фил. Во тенџере на оган го ставаме шеќерот и мешаме со лажица. Откако шеќерот ќе се карамелизира ги додаваме лешниците и промешуваме. Го ставаме грилијашот во тава за печење и оставаме да се излади. Со метален чук го кршиме на пачиња и го миксаме во блендер.
  6. Во сад за матење со миксер ги матиме прашокот за шлаг и млекото додека шлагот на ја добие потребната цврстина. Во длабок сад ставаме 2/3 од изматениот шлаг и 2/3 од измиксаниот грилијаш. Мешаме со лажица додека вториот фил не се соедни.
  7. Пандишпанот го вадиме од тавата и му ја отстрануваме хартијата. Го сечеме на 3 еднакви ленти по широчина. Првата лента пандишпан ја ставаме на  послужавник и ја премачкуваме прво со првиот, а потоа со вториот фил. Прекриваме со втората лента пандишпан и филуваме по истиот редослед. Ја ставаме третата лента пандишпан и целата торта ја премачкуваме со преостанатиот втор фил.
  8. Преостанатиот шлаг го полниме во слаткарска ќеса и ја декорираме порната површина на тортата
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Динстани јунешки ребра
Оревки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Чоколадни кроасани
Пилешко во павлака
Тестенини со сос од туна
Тробоен куглов
Зелка на грчки начин
Ролат со цимет и суво грозје
Резанки од палачинки
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Посен куглов со суво овошје
Ролнички со крем
Пита со тиквички и со гриз
Мафини со нутела крем
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Англиска пита со бадеми
Пита со јајца и кајмак
Свинско месо со бел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: