Рецепти
Фалафел тортиљи Ана Ѓорова

Тортиљи со сос од павлака, зеленчук и ќофтиња од наут

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Наут(500 Грама)

Лук(6-7 Чешниња)

Магдонос(1 Китка)

Сол(1 Кафена лажица)

Италијански зачин (мешан зачин)(1 Кафена лажица)

Павлака(1 )

Мајонез(2-3 Супени лажици)

Морков(2 )

Марула(8 Листови)

Тортиљи(8 Парчиња)

Кисели краставички(2-3 )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Наутот се остава потопен во вода од вечер и така се остава да стои до утредента.
  2. Откако наутот ќе омекне, се меле, може на машина за мелење месо или на машинка за мелење ореви.
  3. Во смесата од наут се додава солта, дел од сечканиот лук, ситно сечканиот магдонос, мешаниот сув зачин и се меша.
  4. Од оваа смеса се прават мали ќофтиња кои се пржат во загреано масло додека убаво заруменат.
  5. Откако ќофтињата убаво ќе се испржат, се ставаат врз хартиена салфетка за да се исцедат од вишокот маснотија.
  6. Во меѓувреме, се прави преливот: во павлаката се додаваат мајонезот, сечканите кисели краставички, преостанатиот сечкан лук и сечканиот магдонос. Количината на лук и магдонос што ќе ја ставите е по вкус. Се меша.
  7. Јадењето се послужува така што на тортиља (може домашни или готови) се става еден лист марула, малку морков исечкан на стапчиња, се премачкува од преливот, па се ставаат по две ќофтиња и се виткаат тортиљите во фишек.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: