Рецепти
Француски киш со тиква и блитва Ана Ѓорова

Вкусна француска пита која може да биде и одлична вечера

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(200 Грама)

Сол(1 Прстофат)

Путер(170 Грама)

Вода(70 Милилитри)

Сушен темјан

Тиква(1 Килограм)

Блитва(700 Грама)

Јајце(3 )

Хопла(100 Грама)

Рендан пармезан(70 Грама)

Маслиново масло(40 Милилитри)

Рузмарин(1 Гранче)

Бибер

Лук(2 Чешниња)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

  1. Во длабок сад измешајте ги брашното, путерот исечен на коцки и прстофат сол. Матете ги со миксер додека да добиете пенаста смеса.
  2. Постепено додавајте ја ладната вода и миксирајте. Потоа додајте малку свеж или сушен темјан и мешате додека да добиете хомогена смеса без грутки.
  3. Ставете го тестото врз работната маса, направете топчеста форма и покријте го со проѕирна фолија да отстои во фрижидер најмалку 40 минути.
  4. Во меѓувреме подгответе го филот: извадете ги игличките рузмарин и измијте ги, па исечкајте ги ситно, а тиквата излупете ја и исечкајте ја на коцкички.
  5. Во тава загрејте 20 грама масло и пропржете го целото чешне лук. Откако убаво ќе се испржи додајте ја тиквата и потоа рузмаринот. Зачинете со сол и бибер, покријте со капак и гответе 20 минути на умерена температура. Кога ќе завршите со готвењето, отстранете го чешнето лук.
  6. Блитвата измијте ја, исечкајте ја и пропржете ја на преостанатото масло со другото чешне лук. Покријте со капак и гответе ја блитвата 5-6 минути на умерен оган. Потоа отстранете го лукот, исцедете ја блитвата и зачинете.
  7. Во друг сад со жица изматете ги јајцата и додајте сол, бибер, хоплата и пармезанот, па оставете настрана.
  8. Извадете го тестото од фрижидер и расукајте го на набрашнета површина, а потоа префрлете го во кружен сад за печење. Краевите на тестото што се вишок исечете ги со нож.
  9. Во садот врз тестото ставете го филот од блитвата и тиквата, па прелијте одозгора со смесата од јајца и пармезан.
  10. Питата печете ја во претходно загреана рерна на 170°C околу 60 минути. Потоа пресечете ја на парчиња и послужете ја малку оладена.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: