Рецепти
Фритата ролат
Потпечен ролат од јајца со фил од спанаќ, сирење и шунка
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
ЕвропскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јајце(6 )
Рендан пармезан(1 Супена лажица)
Маслиново масло(2 Супени лажици)
Спанаќ(100 Грама)
Рикота сирење(100 Грама)
Рендан кашкавал(1 Супена лажица)
Шунка(200 Грама)
Млад кромид(1 )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути
- Спанаќот сварете го кратко во зовриена вода со малку сол.
- Исечете ја шунката на коцки и измешајте ја со обарениот спанаќ исечкан на парчиња, исечканиот млад кромид, сирењето, ренданиот кашкавал и малку сол.
- Јајцата изматете ги со лажичка сол, 2 лажици вода и со лажица рендан пармезан.
- Во поголема тава на умерен оган загрејте 2 лажици маслиново масло и кога убаво ќе се загрее маслото, додајте ги матените јајца. Не мешајте, оставете да се испржат на едната страна додека убаво фатат кора.
- Потоа врз фритатата додајте го филот од спанаќ и шунка и свиткајте ја во ролат, но внимателно за да не се растури ролатот.
- Ролатот ставете го во плех врз хартија за печење и печете го 10 минути во веќе загреана рерна на 180 степени.
- Ролатот исечете го на парчиња, оставете го малку да се излади и послужете го.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во