Рецепти
Германски лепчиња Ана Ѓорова

Популарни германски лепчиња од пиво што се одлични за секој вид солено јадење и намази или за појадок со чаша јогурт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(470 Грама)

Пиво(350 Милилитри)

Кафеав шеќер(3 Супени лажици)

Несолен путер(2 Супени лажици)

Квасец во прав(1 и пол лажичка )

Сол(1 и пол лажичка )

Морска сол(за одозгора )

Вода(1 литар и повеќе )

Сода бикарбона(30 Грама)

Жолчка од јајце(1 )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

  1. Квасецот растопете го во пивото и оставете го неколку минути.
  2. Путерот растопете го и измешајте го со стасаниот квасец и пивото, со брашното, шеќерот и солта, па добро замесете со дланките тесто. Тестото изработете го подолго време, а по потреба додавајте уште брашно.
  3. Оставете го да стаса 30-45 минути. Повторно размесете го и оставете го да стаса пак околу 30-45 минути.
  4. Стасаното тесто ставете го на набрашнета површина и исечете го на половина. Двата дела од тестото исечете ги на по 8 еднакви парчиња, вкупно 16 парчиња.
  5. Парчињата формирајте ги во топки и ставете ги во плех врз хартија да стасуваат повторно околу 30-45 минути.
  6. Рерната загрејте ја на 220°C.
  7. Ставете ја водата во тенџере на оган (1 литар, плус уште 100 милилитри отприлика) и додајте ја сода бикарбоната. Ова ќе ги направи лепчињата кафени.
  8. Зовријте ја водата и содата и полека ставајте ги топчињата тесто во тенџерето (по две) и варете ги околу 45 секунди со тоа што ќе ги вртите на секои 10 секунди. Употребете поголемо тенџере во случај да не се излие водата како што ќе зоврие.

 

01

 

10. Вадете ги тестата со решеткаста лажица, исцедете ги и редете ги врз плехот со намастена хартија за печење.

11. Одозгора премачкајте ги со матена жолчка, помешана со лажица вода, и наросете морска сол.

12. Со нож направете крст на површината на тестото или паралелни линии.

 

02

 

13. Печете ги лепчињата во загреаната рерна околу 15 минути. Пред послужување оставете ги да се оладат 5-10 минути.

Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Динстани јунешки ребра
Оревки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Чоколадни кроасани
Пилешко во павлака
Тестенини со сос од туна
Тробоен куглов
Зелка на грчки начин
Ролат со цимет и суво грозје
Резанки од палачинки
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Посен куглов со суво овошје
Ролнички со крем
Пита со тиквички и со гриз
Мафини со нутела крем
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Англиска пита со бадеми
Пита со јајца и кајмак
Свинско месо со бел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: