Рецепти
Хавана торта Ана Ѓорова

Бела декоративна торта со фил од ореви и наполитанки за секаква пригода

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Млеко(1 Литар)

Шеќер(100 грама + 12 лажици )

Желатин(3 кесички мелен )

Шлаг крем ванила(3 Пакувања)

Мелени ореви(100 Грама)

Наполитанки(10 Парчиња)

Шлаг во прав(1 Пакување)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Од 1 л млеко се одвојуваат 100 мл кои се матат со желатинот и со 12 лажици шеќер, а преостанатите 900 мл млеко се ставаат на оган да зовријат.
  2. Кога млекото ќе зоврие, се додава изматениот желатин, се меша и се остава повторно да зоврие. Се трга од оган и се остава да се излади.
  3. Кога ќе се излади смесата, се додава шлаг-крем, 1 шолја млеко и шлаг-пена, па се мати со миксер додека се добие хомогена и густа смеса.
  4. На оган се става тава без масло, се истура 100 г шеќер да се растопи. Се трга од оган и се остава да се излади. Потоа се додаваат мелени ореви и наполитанки (претходно сомелени).
  5. Дното на поголемо тенџере или калап се посипува со ореви, па се истура 1/3 од кремот. Потоа се нанесува 1/2 од смесата со ореви и наполитанки. Одозгора се излива 1/3 крем, па се нанесува преостанатиот дел од смесата со наполитанки.
  6. На крај се излива преостанатата третина од кремот и се остава да преноќи во ладилник.
  7. Пред сервирање, тенџерето се превртува врз сад за торта, а одозгора се декорира со шлаг и со ореви.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: