Рецепти
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Тавата ориз и месо на овој начин е многу вкусна и зачинета, а шампињоните ѝ даваат дополнителен шмек
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Интегрален ориз(300 Грама)
Свежи шампињони(100 Грама)
Пилешки копан(2 )
Кромид(1 Главица)
Црвена пиперка(1 )
Домат(1 )
Морков(1 )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути
- Оризот се вари во 750 мл вода околу половина час.
- Откако ќе се свари, се процедува и се остава настрана.
- Копанчињата се варат околу половина час.
- Во загреаната тава во масло се пржат исечканите кромид, пиперка, домат и морков.
- Се додаваат шампињоните и се пропржува уште 2-3 минути.
- Се додава оризот во тавата и се меша убаво, па се додаваат и сите зачини.
- Се полева со водата во која што се вареа копанчињата и се додаваат и копанчињата.
- Садот се става во рерна да изврие водата околу 45 минути, но не смее да се пресуши.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во