Рецепти
Интегрални панцероти со фил од компири Ана Ѓорова

Интегрални панцероти со фил од пржени компири

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(500 грама од кои 2/4 е интегрално брашно, 1/4 пченкарно и 1/4 бело брашно )

Квасец(1 )

Сол(1 Кафена лажица)

Шеќер(1 Кафена лажица)

Јогурт(200 Милилитри)

Јајце(2 )

Компир(4 )

Кромид(1 Главица)

Бибер(1 Кафена лажица)

Маргарин(1 Супена лажица)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

  1. Во сад се ставаат 500 грама брашно (од кое 2/4 е интегрално брашно, 1/4 пченкарно и 1/4 бело брашно), шеќерот, солта, 1 јајце и јогуртот. Се замесува меко тесто и се остава да стаса 30 минути.
  2. Од тестото потоа се прават мали топчиња, од секое топче се развлекува кора во мал круг и се наросува со пченкарно брашно.
  3. Филот се приготвува од изренданите и испржени компири со кромидот (посолени и наросени со 1 лажичка бибер), потоа процедени од течноста.
  4. Секое развлечено топче се става во калап за панцероти, се полни со фил, па се притиска за да се затвори убаво и да се добие форма на панцерота.
  5. Секоја панцерота се премачкува со разматено јајце и се наросува со сусам, ким или друго по желба.
  6. Се оставаат уште 15 минути да достасаат, а потоа се ставаат во рерна на 200°C да се печат.
  7. Пред крајот се вадат и се попрскуваат со 100 мл вода во која има 1 лажица маргарин (ова ги прави помеки панцеротите).
  8. Потоа се печат уште 5 минути, па се послужуваат.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: