Рецепти
Италијански хот дог
Едноставен и превкусен рецепт за италијански хот дог за четворица
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Италијанска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Путер(1/2 Чаша)
Свеж босилек(1/4 Чаша)
Сечкан магдонос(1/4 Чаша)
Бел лук, излупен и згмечен(2 Чешниња)
Колбас(4 Парчиња)
Доматен сос(1 мало Пакување)
Црвено вино(1/4 Чаша)
Хот дог леб(4 )
Моцарела сирење(4 Парчиња)
Гауда кашкавал(8 Парчиња)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 30 минути
- Во еден сад ставете ги омекнатиот путер, босилекот, магдонодот и лукот и промешајте.
- Кобасиците пржете ги на тавче додека на добијат убава кафена боја, потоа додајте го сосот од домати и црвеното вино и оставете да вријат на тивко околу 15 минути. Тргнете ги од оган и зачинете со босилек, сол и бибер.
- Лепчињата за хот дог пресечете ги на пола, премачкајте ги внатре со путерот со зачини и ставете ги во рерна неколку минути за путерот да се стопи и лепчињата да добијат кафена боја по краевите.
- Кога ќе ги извадите, ставете внетре едно парче моцарела, кобасицата и одозгора ставете две парчиња кашкавал и вратете ги во рерна на уште неколку минути за кашкавалот да се стопи.
- Кога ќе ги извадите одозгора ставете им кромид и босилек и послужете ги.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во