Рецепти
Италијански ќофтиња Ана Ѓорова

Италијанските ќофтиња се приготвуваат на разни начини, а овој рецепт со додаток сос од пиперки е едноставен и одличен за семеен ручек

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Колбас(или било какво мелено месо по желба 500 грама )

Рендан пармезан(100 Грама)

Бел лук, излупен и згмечен(1 Чешне)

Лебни трошки(100 Грама)

Јајце(2 средни )

Сечкан магдонос(1/2 Шака)

Морач(1 Кафена лажица)

Сол(1 Кафена лажица)

Бибер(1/2 Кафена лажица)

Маслиново масло(1 Супена лажица)

Црвена пиперка(2 )

Домат(4 )

Лук(1 Главица)

Мајчина душичка

Сол

Бибер

Масло

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути

  1. Загрејте ја рерната на 180 ̊C.
  2. Доматот и пиперките (може уште една чили пиперка по желба) измијте ги, исчистете ги и преполовете ги, а главицата лук целата преполовете без да ја лупите.
  3. Во огноотпорен сад ставете ги исечканите зелечуци, зачинете ги со сол, мајчина душица и бибер и посипете ги одозгора со масло.
  4. Печете ги во загреаната рерна околу 15-20 минути или додека убаво се потпечат, омекнат и добијат кафенкаста боја.
  5. Извадете ги од рерна, излупете го лукот, па ставете го во блендер со останатите состојки и блендирајте додека добиете хомогена смеса. Зачинете повеќе по вкус. Ова е сосот за вашите ќофтиња.
  6. За подготовка на ќофтињата: ставете го меленото месо или ситно сечканиот колбас во сад и измешајте го со лебните трошки, сечканиот магдонос, пармезанот, јајцата, згмечениот лук, сол, морач, бибер и маслиновото масло.
  7. Состојките измешајте ги и измесете ги добро со дланките, па потоа пржете ги на маслиново масло 10-тина минути со повремено вртење од сите страни додека добијат убава кафена боја. За поздрава варијанта може да ги печете ќофтињата во рерна врз хартија за печење.
  8. Послужете ги врз палента или пире од компири заедно со сосот од пиперки и домати.
  9. Buon appetito!
Кремаста паста со печурки без масло
Туна ќофтиња
Дроб во кошулица
Пилешки дроб и срца
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Посна сарма со праз и шампињони
Пилешко во павлака
Филе Велингтон
Тестенини со сос од туна
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Ѓевречиња од мелено месо
Зелка на грчки начин

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: