Рецепти
Јагнешки бут со сос од домати Ана Ѓорова

Специјалитет од печен јагнешки бут со сос од домати, пиперки, лук и гарнир од печени компири, моркови и модри патлиџани

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јагнешки бут(1.5 Килограм)

Доматно пире(5-6 Супени лажици)

Јогурт(5-6 Супени лажици)

Кромид(5 Главици)

Морков(2-3 )

Модар патлиџан(2 )

Лук(8 Чешниња)

Домат(4 )

Магдонос(1 Китка)

Црвена пиперка(2 )

Маслиново масло(1/8 Децилитри)

Сол(1 Кафена лажица)

Бибер(1 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

  1. Јагнешкиот бут, заедно со 3 главици кромид исечени на четвртини, се вари во солена вода околу 90 минути.
  2. Се загреваат 2 супени лажици масло и се мешаат со јогурт, пире од домати, сол и бибер. Со оваа смеса се премачкува бутот и се става да се пече половина час во рерна на температура од 200°C.
  3. Модриот патлиџан се лупи, се сече на кругови, се посолува и се остава да се цеди.
  4. Останатите 2 главици кромид, лукот, пиперките, доматите и магдоносот ситно се сечкаат и се динстаат во 3 супени лажици масло.
  5. Исцедените модри патлиџани се редат во огноотпорен сад заедно со миените млади компири и морковите, се преливаат со смесата, се посипуваат со малку вода и масло и се печат во рерна околу 30-тина минути.
  6. Јагнешкиот бут се послужува во чинија и околу него се редат печените модри патлиџани, моркови и компири и се полева со сосот.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: