Рецепти
Јанија со јагнешко месо Ана Ѓорова

Манџа од јагнешко месо со зеленчук

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јагнешко месо(1 Килограм)

Кромид(1 Главица)

Домат(1/2 Килограм)

Зелена пиперка(4-5 )

Целер(1 )

Морков(1 )

Свеж магдонос(1 Китка)

Свинска маст(1-2 Супени лажици)

Сол(1 Кафена лажица)

Бибер(1 Кафена лажица)

Црвен пипер(1 Супена лажица)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 100 минути

  1. Месото измијте го, исечете го на парчиња и ставете го да се вари во тенџере со вода.
  2. Кромидот ситно исечкајте го и ставете го да се пржи во тава со маст, а потоа додајте црвен пипер, промешајте и ставете ја пропржената смеса во тенџерето каде што се вари месото.
  3. Доматите излупете ги и исечете ги на средни парчиња, пиперките, целерот и морковот исто така исечкајте ги и сè додајте во тенџерето.
  4. Поклопете со капак и варете ја јанијата на тивок оган, околу 30-40 минути додека течноста не изврие, но не целосно.
  5. Кон крајот на варењето додајте исечкан магдонос. Јанијата послужете ја со гарнир од млад компир, прелеан во свинска растопена маст и сечкан магдонос и со свежа салата.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: