Рецепти
Јунешки ролати со кајгана Ана Ѓорова

Можеби ќе ви треба повеќе време, но трудот дефинитивно се исплати

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Говедско месо(или јунешка кртина од бут 1 кг )

Грашок(смрзнат 80 Грама)

Пченка(смрзната 80 Грама)

Кромид(1 Главица)

Кисела павлака(200 Милилитри)

Морков(2 )

Ловоров лист(3-4 )

Јајце(2 )

Брашно(1 Супена лажица)

Путер(100 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

  1. Месото засечете го на повеќе места, а потоа зачинете го со сол и бибер и истолчете го со чук. Оставете го настрана да ги впие зачините.
  2. Во тенџере со зовриена вода ставете ги замрзнатите пченка и грашок да се варат заедно со исечканите моркови. Откако зеленчукот ќе се свари и ќе омекне, исцедете го.
  3. Во длабок сад со виљушка изматете ги јајцата и додајте го исцедениот зеленчук во нив.
  4. Зачинете ги со сол и бибер, па пржете ги во тава на 50 г растопен путер.
  5. Испржената кајгана ставете ја врз јунешкото месо, свиткајте ролат и прицврстете го со готварски конец.
  6. Пржете го ролатот на преостанатиот путер во тава за печење.
  7. Во тавата додајте ги ситно сечканиот кромид и ловоровите листови.
  8. Откако ролатот ќе се запржи од сите страни, во тавата за печење додајте 300 мл вода и затворете ја со алуминиумска фолија.
  9. Печете го јадењето во рерна на 200 степени околу 90 минути.
  10. Потоа извадете го ролатот, отстранете му го готварскиот конец и пресечете го на шницли.
  11. Течноста од тавата каде што се печеше месото ставете ја во тенџере на оган и додајте ги измешаните брашно и кисела павлака.
  12. Мешајте со жица и гответе додека сосот ја добие потребната густина, измешајте и малку лимонов сок во готовиот сос, па со него прелијте ги шницлите.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: