Рецепти
Качамак со колбаси Ана Ѓорова

Качамак со пржено месо во доматен сос – вкусна комбинација за едноставен ручек

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пченкарно брашно(300 Грама)

Вода(600 Милилитри)

Сол

Масло

Колбас(или чадена сланина, џимиринки, ќофтиња од мелено месо )

Доматен сос

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Во тенџере на оган се става 600 мл вода да зоврие. Се посолува и кога ќе почне полека да врие, внимателно го ставаме брашното.
  2. Треба да се внимава брашното да не пропадне во водата, напротив, треба да остане колку што може на површината на водата.
  3. Со рачка од дрвена лажица се прават дупки во брашното. Потоа се остава да се вари на многу тивко, околу 45 минути (за оваа количина брашно, доколку ставите повеќе, потребен е еден час).
  4. По 45 минути, со дрвена лажица се меша смесата да стане хомогена.
  5. Во друг сад во масло или на свинска маст се пржат колбасите (може и чадена сланина, џимиринки или ќофтенца од мелено месо). При крај на пржењето, се додава доматен сос и се меша, па се трга од оган.
  6. Качамакот се става во куглов калап за да добие убава форма и се остава малку, или пак се прават кружни топчиња со поголема лажица.
  7. Се става врз чинија за послужување и одозгора се истура месото во сосот. Јадењето се служи топло.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: