Рецепти
Канелони со сирење и спанаќ Ана Ристеска

Одличен избор за семеен ручек

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Канелони(1 Пакување)

Компир(варен 2 )

Кромид(1 Главица)

Лук(1 Чешне)

Спанаќ(300 Грама)

Сирење(издробено 150 Грама)

Кашкавал(150 Грама)

Кисела павлака(200 Милилитри)

Брашно(1 Супена лажица)

Путер(70 Грама)

Млеко(300 Милилитри)

Морско оревче

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 60 минути

  1. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме во тава на оган со 50 г растопен путер.
  2. Откако кромидот ќе омекне, во тавата го додаваме изгмеченото чешне лук.
  3. Листовите спанаќ ситно ги сечкаме и ги додаваме во тавата. Посолуваме и наросуваме бибер.
  4. Започнуваме со подготовка на бешамел сосот. Во тенџере на оган ставаме 20 г путер да се растопи. Во тенџерето со растопениот путер го додаваме брашното и мешаме со лажица. Потоа во тенџерето го додаваме млекото.
  5. Во тенџерето со бешамелот рендаме морско оревче, посолуваме, наросуваме мелен бибер и мешаме со жица. Кога ќе се добие потребната густина, го тргаме тенџерето од оган.
  6. Откако течноста ќе испари, ја тргаме и тавата од оган.
  7. Претходно сварените и излупени компири ги гмечиме и ги додаваме во тавата со спанаќот. Во тавата го додаваме и изгмеченото сирење.
  8. На ситната страна од рендето во тавата го рендаме кашкавалот и мешаме со лажица додека состојките се соединат.
  9. Филот од тавата за пржење го ставаме во готварски шприц. Со помош на шприцот со фил ги полниме канелоните од двете страни и ги редиме во намрсена керамичка тава за печење.
  10. Во тенџерето со бешамел сосот ја додаваме киселата павлака и мешаме со жица за матење додека сосот и павлаката не се соединат.
  11. Потоа со бешамел сосот со павлака ги преливаме полнетите канелони во тавата.
  12. Во тавата го рендаме и преостанатиот кашкавал. Ја ставаме тавата во рерна и печеме 20 минути на 150 степени.
Кремаста паста со печурки без масло
Туна ќофтиња
Дроб во кошулица
Пилешки дроб и срца
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Посна сарма со праз и шампињони
Пилешко во павлака
Филе Велингтон
Тестенини со сос од туна
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Ѓевречиња од мелено месо
Зелка на грчки начин

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: