Рецепти
Карфиол во бешамел сос Ана Ѓорова

Едноставен, кремаст и вкусен оброк. Може да ставите брокули наместо карфиол или да напрвите комбинација од двете.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Карфиол(1 )

Лук(4-5 Чешниња)

Брашно(3 Супени лажици)

Млеко(200-300 Милилитри)

Рендан пармезан

Масло

Сол

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

  1. Во тенџере на оган се загрева вода со малку сол, а потоа се става карфиолот исечен на парчиња да се вари. Потребно е карфиолот да се свари, а притоа да остане цврст.
  2. Сварениот карфиол се вади од водата и се реди во тавче претходно премачкано со масло.
  3. Лукот ситно се сечка и се става врз карфиолот, се посолува и се прелива со малку масло.
  4. Во друг сад на тивок оган се приготвува бешамел сосот. Во садот се става масло, откако маслото ќе се загрее се додава брашното. Се пржи додека брашното добие боја. Потоа во садот со постојано мешање полека се додава млекото, се вари уште 7-8 минути со постојано мешање, потребно е да се добие средно густ сос, па се додава и сол.
  5. Вака приготвениот сос рамномерно се истура врз карфиолот, потоа врз сосот се става ситно рендан пармезан, па се прелева со многу малку масло.
  6. Карфиолот се пече во рерна на 180 степени, околу 30-40 минути.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: