Рецепти
Кифли со павлака и со шунка Ана Ѓорова

Кифлички погодни за секоја пригода

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(400-500 Грама)

Јајце(1 )

Жолчка од јајце(1 )

Квасец(1/2 )

Вода(100 Милилитри)

Млеко(200 Милилитри)

Сол(малку )

Шеќер

Масло

Кисела павлака(1 Пакување)

Шунка(200 Грама)

Белка од јајце(1 )

Сусам

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 2 часа

  1. Во млака вода ставете ги квасецот и шеќерот и оставете 10 минути да нараснат.
  2. Во длабок сад измешајте ги брашното, јајцето, жолчката, водата, млекото, малку сол, маслото и додајте го квасецот. Замесете тесто и оставете го 1 час да нарасне.
  3. Тестото поделете го на 3 дела, а секој од нив на уште 3 дела. Сите делови расукајте ги на мали кори.
  4. Првата кора намачкајте ја со павлака, врз неа ставете ја втората и намачкајте ја со павлака, па третата кора, но не ја мачкајте. Постапката повторете ја и со преостанатите кори.
  5. Набрашнете ја масата и расукајте голема кора, намачкајте ја со павлака и врз неа наредете ја шунката. Исечете ја на триаголници, на секој триаголник да има парче шунка.
  6. Обликувајте кифли, наредете ги во подмачкан плех, премачкајте ги со белка и посолете ги со сусам.
  7. Печете ги во загреана рерна на 220 степени додека добијат златножолта боја.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: