Рецепти
Кох од шпагети со домати Ана Ѓорова

Печени шпагети во рерна со доматен сос и пармезан

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Шпагети(500 Грама)

Рендан пармезан(50 Грама)

Брашно(100 Грама)

Јајце(3 )

Доматен сос(1 Чаша)

Маслиново масло(2 - 3 Супени лажици)

Сол(1 Прстофат)

Бибер(1 Прстофат)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Сварете ги шпагетите според упатството на пакувањето.
  2. Загрејте во тенџере маслиново масло, додајте брашно и убаво промешајте.
  3. Во тенџерето постепено додавајте доматен сос и пармезан и повторно промешајте, а потоа тргнете настрана.
  4. Скршете ги јајцата и одделете ги белките од жолчките. Белките ставете ги во поголем и подлабок сад и изматете ги со миксер.
  5. Сварените шпагети исплакнете ги со ладна вода и исцедете ги, а потоа додајте ги во садот со сосот од домати и убаво промешајте. Додајте сол и бибер по желба.
  6. Повторно уклучете го миксерот и во изматените белки додајте ги жолчките и матете додека не се соединат, а потоа додајте ги во тенџерето со шпагети и убаво промешајте.
  7. Во намрсен огноотпорен сад ставете ја целата содржина од тенџерето со шпагетите. Ставете во рерна и печете 20тина минути на температура од 225°C.
  8. Тавата од испечениот кох извадете ја од рерна и исечете ја на покрупни парчиња. Декорирајте со листови зелена салата и наросете пармезан. Уживајте!
Колач со круши и бадеми
Лазањи со болоњезе сос
Кростата од бадеми со мармалад
Домашни равиоли со сирење
Канелони со пилешко месо
Ролнички со моцарела
Макарони салата со горгонзола
Домашни канелони со печурки и бешамел сос
Тиквички на милански начин
Фетучини со лосос сос
Кростата со кокос и чоколадо
Лазањи со печурки
Црвен песто сос
Пепероната
Брускети со тиквички
Пилешки ражничи со песто сос
Салата од макарони со кисели краставички и сирење
Шпагети со ќофтиња
Фритата со домати и пиперки
Семифредо со чоколадо
Лимончело
Полнети модри патлиџани
Капоната
Чиабата леб
Сладолед тирамису
Фокача џеновезе
Италијански ќофтиња
Тортелини со пилешко и песто
Домашна наполетанска пица
Бонет

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: