Рецепти
Кокос бомбици Ана Ѓорова

Бели бомбици кои одлично изгледаат и имаат одличен вкус

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Кокосови снегулки(1 Чаша)

Брашно(1 Чаша)

Шеќер(1 1/4 Чаша)

Сол(1 Прстофат)

Несолен путер(6 Супени лажици)

Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)

Млеко(4 Кафени лажици)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Измешајте ги кокосовите снегулки, брашното, 1/4 чаша шеќер и солта.
  2. Додајте ја ванилата и путерот (кој претходно треба малку да го извадите од фрижидер да омекне).
  3. Измешајте ја целата смеса убаво и формирајте бомбици со големина на орев, па редете го во плех врз хартија за печење (со оваа доза испаѓаат 24-25 бомбици). Редете ги одделени една од друга за да не се залепат при печењето.
  4. Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, 15 минути.
  5. Во меѓувреме во друг сад измешајте ја останатата 1 чаша шеќер со млеко по потреба за да добиете густа смеса.
  6. Готовите бомбици извалкајте ги во глазурата од шеќер, па во кокосови снегулки и оставете ги настрана да се исушат. Послужете ги во декоративни хартиени кошнички.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: