Рецепти
Колач од јаболки со ванила Ана Ѓорова

Вкусен и сочен колач од варени јаболки со пудинг од ванила и со шлаг кој одлично оди со шолја чај

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Вода(1 Литар)

Јаболко(1 Килограм)

Шеќер(1/2 килограм + 1 1/2 мала шолја )

Јајце(3 )

Масло(1 1/2 Чаша)

Брашно(2 Чаши)

Прашок за печиво(1/2 Пакување)

Пудинг од ванила(2 Пакувања)

Шлаг крем ванила

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Јаболките се мијат, се лупат, се чистат и се сечкаат на коцки.
  2. Еден литар вода се вари со јаболките и со 1/2 кг шеќер. Смесата се вари додека водата во тенџерето не дојде до 1/2 литар.
  3. За пандишпанот: јајцата се матат со 1 и пол мала шолја шеќер и се додава 1 и пол шолја масло. Се меша и се додаваат брашното и печивото.
  4. Смесата се претура во тавче и се пече додека не добие убава боја.
  5. Кога ќе се испече, топол се претура со исцедените варени јаболки и убаво се распоредуваат на целата површина. Не се фрла водата во која се вареа јаболките.
  6. Низ целиот пандишпан се ставаат 3-4 лажици вода (врз јаболките).
  7. Во водата што останува се варат 2 разредени пудинга од ванила и веднаш се ставаат врз јаболките.
  8. На крај врз пудингот се става шлаг (шлаг крем или хопла).
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: