Рецепти
Колач од сирење со чоколадо и портокали Ана Ристеска

Чизкејк во совршена комбинација со портокал и чоколадо! Одличен десерт за секаква пригода

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Какао(2 Супени лажици)

Брашно(за кората 1/2 Чаша)

Шеќер(за кората 1 Супена лажица)

Путер(45 Грама)

Вода(1 Супена лажица)

Крем сирење(500 Грама)

Рендана кора од портокал(2 Супени лажици)

Сок од портокал(4 Супени лажици)

Шеќер(3/4 Чаша)

Јајце(3 )

Брашно(1/3 Чаша)

Шлаг крем ванила(4 Супени лажици)

Ликер од портокал(1 Супена лажица)

Црно чоколадо(100 Грама)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 80 минути

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Намастете еден калап со дијаметар од 23 цм и прекријте го со масна хартија.
  2. Во миксер матете ги какаото, брашното, шеќерот и путерот се додека не добиете ронлива смеса. Додајте ја водата и матете додека да добиете хомогена смеса.
  3. Потоа сипете ја смесата во тавата оставете ја на ладно место 15 минути. Прекријте ја со алуминумска фолија и сув грав и печете ја 10 минути. Отстранете го гравот и фолијата и печете го тестото уште 5 минути. Оставете го да се олади.
  4. Изметете го сирењето со кората од портокал. Додајте ги сокот и шеќерот, па матете ги се додека не добиете фина смеса. Додајте ги јајцата без да престанете со матење. Додајте ги брашното, кремот и ликерот.
  5. Во еден сад измешајте ги растопеното чоколадо и 1/4 од филот со сирење. Останатиот фил сипете го врз тестото и прекријте го со филот со чоколадо. Потоа со виљушка внимателно измешајте ги смесите.
  6. Печете го колачот 30-35 минути. Оставете го да се олади и сервирајте го со крем и какао.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: