Рецепти
Колач од тиква Ана Ѓорова

Есенски десерт што одлично оди со шолја чај или кафе

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Тиква(1,2 Килограм)

Шеќер(16 Супени лажици)

Јајце(6 )

Брашно(6 Супени лажици)

Прашок за печиво(1 )

Цимет(1 Пакување)

Бадеми(обарени попечени и лупени 100 грама )

Суво грозје(30 Грама)

Суви кајсии(30 Грама)

Какао(1 Супена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Тиквата исечете ја на парчиња, отстранете ги семките и ставете ја во тенџере со вода на оган.
  2. Додајте 10 лажици шеќер и оставете тиквата да се обари.
  3. Со алатка од тиквата извадете топчиња.
  4. Бадемите, претходно исечкани на тенки, долгнавести парчиња, забодете ги во парчињата тиква.
  5. Во сад за матење со миксер изматете ги јајцата со 6 лажици шеќер.
  6. Додајте ги сувото овошје, брашното, печивото, циметот и какаото, па мешајте додека смесата се соедини.
  7. Половина од тестото ставете во правоаголна тава за печење обложена со хартија за печење.
  8. Врз тестото наредете ги парчињата тиква и прекријте со преостанатото тесто.
  9. Печете го колачот 30 минути во рерна на 180°C.
  10. Одозгора прелијте го со карамел или со чоколаден прелив и шлаг, па послужете.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: