Рецепти
Коцки со кокос и портокал
Вкусен десерт од свеж сок од портокал во комбинација со кокос
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Белка од јајце(6 )
Шеќер(22 Супени лажици)
Брашно(3 Супени лажици)
Кокос(200 Грама)
Вода(500 Милилитри)
Нишесте (пченкарен скроб)(11 Супени лажици)
Маргарин(250 Грама)
Жолчка од јајце(6 )
Портокал(5 големи за 500 мл цеден сок )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути
Пандишпан:
- Белките пенасто се матат со миксер во цврст снег. Во нив се додаваат 12 лажици шеќер и се мати додека се растопи. Се додаваат 3 лажици брашно и 150 г кокос, убаво се меша со лажица за да се соедини смесата.
- Смесата се претура во правоаголно тавче бр. 40 со хартија за печење и се пече во рерна на 180 степени додека да зарумени.
- Откако малку ќе се излади, се вади од тавчето, му се отстранува хартијата и повторно се става во тавчето.
Прв фил:
- Се става 500 мл вода во тенџере на оган, а претходно се вади малку од неа за да се разреди смесата со жолчките и нишестето. Во водата се додаваат 5 лажици шеќер.
- Посебно се мешаат жолчките и 5 лажици нишесте со водата и тие се додаваат во зовриената вода со шеќер, па се меша додека се згусне.
- Во филот се додава и 125 г маргарин и убаво се промешува додека се истопи.
Втор фил:
- Цедениот сок од портокал се добива од 5 големи портокали (500 мл). Се става во тенџере на оган заедно со 5 лажици шеќер.
- Одделно се мешаат 6 лажици нишесте со малку сок од портокал, а доколку не ви излезе 500 мл сок, може нишестето да се разреди со малку вода.
- Нишестето се става во зовриениот сок и се меша до згуснување.
- Се трга од оган, се додава 125 г маргарин и се меша додека се растопи.
Финална постапка:
- Врз пандишпанот се става првиот фил, убаво се израмнува, па врз него се става вториот фил и тој убаво се мазни.
- Целиот колач одозгора се наросува со останатиот кокос, се остава да се излади и се сече на коцки.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во