Рецепти
Крап во рерна Ана Ѓорова

Печен крап во бело вино на здрав, едноставен и вкусен начин

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Крап(1 тежок околу 2 килограми )

Лимон(1 )

Свеж магдонос(1.5 Китка)

Лук(1 главица + 3 чешниња )

Морска сол(1.5 Супена лажица)

Маслиново масло(3 Супени лажици)

Морков(5 )

Бело вино(300 Милилитри)

Вода(100 милилитри + 100 милилитри по потреба )

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

  1. Во тепсијата во која ќе го печете крапот наредете неколку дрвца за ражениња. Во нив ставете го крапот за да не се залепи за тепсијата, па добро полијте го со исцедениот сок од лимон и одвнатре и однадвор.
  2. Китката магдонос исечкајте ја, а главицата лук изгмечете ја, па измешајте ги во еден сад со 1 лажица од морската сол. Со смесата полнете го крапот.
  3. На горната страна од крапот направете три засекувања и во секое од нив ставете по едно чешне лук.
  4. Крапот прелијте го со маслото.
  5. Половина китка магдонос исечкајте ја и измешајте ја со исечканите моркови, па ставете ги околу крапот. Додајте бело вино и вода.
  6. Тепсијата покријте ја со фолија и печете во загреана рерна на 180°C, околу 1 час. Одвреме навреме полевајте го крапот со вода по потреба.
  7. По 1 час извадете ја фолијата и печете уште 30 минути.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: