Рецепти
Крцкав стек со палента
Похуван пилешки стек со палента и сусам во сос со маслинки или кисели краставички
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ТешкоСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 50 минути
- Стекот се сече на потенки парчиња и се чука со чекан за месо, така месото ќе биде посочно. Потоа се става во солена вода малку да се подвари.
- Месото се вади од водата, се остава малку да се излади. Се потопува во претходно изматено јајце со сол и со вегета, потоа се валка во палента измешана со лебни ронки и со сусам па се реди во подмачкана тепсија.
- Кога е нареден целиот стек во тепсијата, одозгора се попрскува со масло, се наросува со сушен магдонос и се става да се пече во рерна на 220 степени. Се пече додека добие убава боја.
- Во тенџерето се ставаат масло и 5 лажици брашно и се пржи на тивок оган малку да потемни. Полека се додава млекото и истовремено се меша за да не се направат грутчиња од брашното. Се вари на тивок оган додека се постигне саканата густина. На крај се додаваат зачини по желба, а исто така може и ситно сечкани маслинки, рендани кисели краставички и печурки по желба.
- Кога ќе биде готово месото, се сервира сосот, а по желба се додава свежа сезонска салата.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во