Рецепти
Крофни со карамела Ана Ристеска

Почастете се себеси и вашите најблиски со овој луксузен десерт кој оди одлично со чаша бело вино

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Банана(2 )

Брашно(130 Грама)

Јајце(2 )

Жолчка од јајце(2 )

Шеќер(100 + 1 супена лажица Грама)

Млеко(2,5 Децилитри)

Стапче цимет(1 )

Слатка павлака(2 Децилитри)

Сок од портокал(1 Децилитар)

Рум(1 Супена лажица)

Путер(70 Грама)

Сол

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 70 минути

  1. Ставете 1,2 дл вода да зоврие со половина од путерот, малку сол и 10 г шеќер. Додајте 70 г брашно, тргнете го садот од огнот и мешајте за да добиете хомогена смеса. Вратете го садот на тивок оган и мешајте се додека смесата не започне да се одвојува од рабовите на садот. Оставете ја да се олади.
  2. Додајте ги јајцата, измешајте ги и од смесата направете 4 големи крофни врз намастен плех. Посипете ги со крупниот шеќер и печете ги на 200 степени 35 минути.
  3. Ставете го млекото да зоврие со циметот, тргнете го од оган и оставете го да отстои.
  4. Изматете ги жолчките со 60 г шеќер, додајте го останатотот брашно и топлото млеко без циметот. Згуснете го кремот врз тивок оган, па оставете го да се олади и додајте ја павлаката. Наполнете ги крофните со кремот.
  5. Бананите исечете ги по должина. Растопете го останатиот путер со 30 г шеќер и кога ќе започне да се карамелизира, додајте ги бананите и пржете ги се додека не заруменат. Додајте ги сокот од портокал и румот и оставете да се згусне сосот. Сервирајте ги со крофните.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: