Рецепти
Кростата од бадеми со мармалад
Одличен десерт за со чаша млеко или кафе
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Италијанска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Мармалад од цреши(или друг по вкус 450 грама )
Брашно(250 Грама)
Мелени бадеми(120 Грама)
Шеќер(100 Грама)
Јајце(2 )
Портокал(1 )
Рум(1 Супена лажица)
Сол(1 Прстофат)
Путер(120 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути
- Путерот (претходно оставете го да омекне на собна температура) изматете го со шеќерот додека да добиете кремаста смеса.
- Потоа додајте ги белото брашно и мелените бадеми, жолчките, сокот и ренданата кора на портокалот, малку цимет, прстофат сол и румот.
- Измешајте ги состојките со раце и замесете тесто кое ќе го оформите во топка.
- Обвиткајте ја топката во проѕирна фолија и оставете го тестото да одмори 1 час во фрижидер.
- Потоа одделете 3/4 од тестото и расукајте го на набрашнета површина.
- Ставете го во кружен калап (24 см), претходно намастен и набрашнет, така што на краевите тестото малку ќе биде задебелено.
- Тестото во внатрешноста премачкајте го со мармалад од цреши (или друг по желба) и превиткајте ги задебелените краеви кон внатрешноста.
- Остатокот од тестото расукајте го (не многу тенко) и со нож за сечење пица или обичен нож исечете ленти.
- Лентите наредете ги врз питата така што ќе формирате мрежа.
- Печете ја кростатата во претходно загреана рерна на 150 степени, 40 минути.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во