Рецепти
Кростата со џем од кајсии Ана Ѓорова

Неодолив десерт во кој ќе уживате, а со сигурност ќе го направите повторно

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(250 Грама)

Путер(125 Грама)

Вода(100-200 мл или повеќе по потреба )

Шеќер(70 Грама)

Жолчка од јајце(2 )

Сол

Рендана кора од лимон(1/2 Кафена лажица)

Џем од кајсии(200 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

  1. Во сад се мешаат брашното, прстофат сол, малку рендана кора од лимон и шеќерот, па се прави длабнатина во средината и се додаваат путерот, омекнат и исечен на коцки, жолчките од јајце и водата.
  2. Смесата убаво се меша, се мати со миксер додека да добие малку кремаст состав, а потоа се префрла на набрашнета површина, се додава уште брашно по потреба за да се замеси средно тврдо тесто.
  3. Тестото убаво се изработува со рацете, постепено му се додава од брашното за да не се лепи, а потоа се става во проѕирна фолија и се остава во фрижидер 1 час.
  4. Округла тава, со пречник 24 см, се премачкува со путер и се набрашнува.
  5. Потоа од тестото се одделува мал дел. Поголемиот дел се расукува на набрашнета површина во форма на круг и се става во тавата, со тоа што на краевите малку ќе го задебелите.
  6. Целото тесто се премачкува со џемот.
  7. Помалиот дел се расукува на набрашнета површина и од него се сечат ленти за да се покрие питата.
  8. Се става да се пече во загреана рерна на 180-200 степени, околу 30-40 минути. Послужете ја малку оладена и посипете ја со шеќер во прав по желба.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: