Рецепти
Куглов со ореви и чоколадо
Вкусен и едноставен десерт за гостите
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јајце(4 )
Шеќер(500 Грама)
Масло(130 Милилитри)
Брашно(650 Грама)
Ванилин шеќер(2 Пакувања)
Прашок за печиво(1 Пакување)
Сечкани ореви(50 Грама)
Црно чоколадо(100 г сечкано )
Какао(1 Супена лажица)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути
- Јајцата изматете ги со малку шеќер, па додајте го останатиот шеќер и продолжете да ги матите.
- Во изматените јајца додајте ги маслото, ванилите, брашното и прашокот за печиво и измешајте ги состојките со дрвена лажица.
- Откако смесата ќе се соедини, додајте ги сечканите ореви и ситно сечканото чоколадо и повторно мешајте да се изедначи.
- Смесата поделете ја на две половини – едната половина истурете ја силиконски калап за куглов (намастен со маргарин), а во втората додајте го какаото и мешајте со дрвена лажица.
- Потоа и втората смеса се додава во силиконскиот калап и полека се меша со лажица.
- Куглов колачот печете го околу 15 минути во загреана рерна на 180 степени, намалете ја температурата на 150 степени и допечете уште 15 минути.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во