Рецепти
Леден колач со рум Ана Ѓорова

Едноставен десерт за со попладневното кафе. На здравје!

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(6 )

Шеќер(400 Грама)

Брашно(6 Супени лажици)

Масло(6 Супени лажици)

Какао(2 Супени лажици)

Прашок за печиво(1 Пакување)

Ванилин шеќер(3 Пакувања)

Рендана кора од лимон(од еден лимон )

Млеко(1 Литар)

Нишесте (пченкарен скроб)(7 Супени лажици)

Рум(50 Милилитри)

Маргарин(125 Грама)

Шеќер во прав(100 Грама)

Црно чоколадо(100 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути

  1. Во еден сад се кршат 6 јајца и добро се матат со 6 лажици шеќер. Се додаваат брашното, маслото, какаото, печивото, 1 ванила и малку рендана кора од лимон.
  2. Изматената се истура во подмачкан плех и се пече 20 минути на 200 степени.
  3. Откако тестото ќе се олади, се полева со шербет приготвен од 1 чаша вода, зовриена со 2 чаши шеќер.
  4. Потоа тестото се попрскува и со 50 мл рум.

Фил:

  1. Еден литар млеко, 7 лажици нишесте, 2 ванили и 15 лажици шеќер се ставаат да зовријат.
  2. Кога ќе се свари, се трга настрана да се излади.
  3. Посебно се мати маргаринот со 100 г шеќер во прав и се додава во веќе изладениот фил.
  4. Со филот убаво се премачкува целата кора.

Глазура:

  1. Се крши 100 грама чоколадо, се додава 1 лажица масло, 3 лажици шеќер и 3 лажици млеко за да се добие глазура и со неа се прелива целиот колач.
  2. Се чека да се стврдне глазурата, па колачот се наросува со какао и се сече на коцки.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: