Рецепти
Летно рижото Ана Ѓорова

Ориз со печени пиперки, тиквички и зачини што е многу лесен за јадење, а со богат вкус

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Црвена пиперка(2 )

Сусам(2 Супени лажици)

Сечкан магдонос(1 Кафена лажица)

Тиквичка(2 )

Лук(2 Чешниња)

Суво оригано(1/2 Кафена лажица)

Ловоров лист(4 )

Шафран

Ориз(200 Грама)

Свеж босилек

Маслиново масло

Сол

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути

  1. Измијте ги пиперките и ставете ги во загреана рерна на 190 степени да се печат околу 20-25 минути. Превртувајте ги често.
  2. Во истата рерна потпечете го сусамот 5 минути.
  3. Тиквичките измијте ги и исечете ги на коцкички.
  4. Лукот ситно исечкајте го и пропржете го на оган со 2-3 лажици маслиново масло.
  5. Додајте ги тиквичките во садот откако ќе се пропржи лукот, зачинете со оригано и сол, покријте со капак и гответе ги на умерено-тивок оган околу 15 минути.
  6. Пиперките излупете ги и исчистете ги од семките, зачинете со малку сол, магдонос и масло.
  7. Во тенџере зовријте околу 2 литри вода заедно со ловоровиот лист, шафранот, сол, па откако ќе зоврие додајте го оризот и варете го 10-12 минути.
  8. Исцедете го оризот и оставете го малку да се подолади.
  9. Потоа измешајте го во садот со тиквичките, сусамот и пиперките и декорирајте со сечкан босилек.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: