Рецепти
Мафини со киноа, јаболко и банана Ана Ѓорова

Подгответе ги за појадок или како ужинка за после вежбање. Најдобри се топли, но можете да ги чувате и во фрижидер и да ги подготвувате за неколку дена појадок.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Путер(50-70 Грама)

Банана(4 )

Киноа зрна(1/2 Чаша)

Овесни снегулки(2 и пол чаши )

Бадемово млеко(1/2 Чаша)

Мед(1/4 Чаша)

Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)

Цимет(1 Кафена лажица)

Јаболко(1 )

Масло

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Загрејте ја рерната на 190°C. Премачкајте ги калапите за мафини со малку маслиново масло.
  2. Сварете ја киноата: ставете во тенџере 3/4 вода да зоврие, ставете 1/2 чаша киноа и варете околу 12 минути.
  3. Бананите испасирајте ги и измешајте ги со бадемовото млеко, медот и ванилата. Додајте го путерот и убаво соединете ја смесата.
  4. Во друг сад измешајте ги сувите состојки (киноата, овесните снегулки и циметот). Полека претурете ја смесата со млекото и бананите во садот со сувите состојки и убаво промешајте за да добиете хомогена смеса.
  5. Јаболкото излупете го и исечкајте го, па промешајте го со смесата.
  6. Калапите за мафини наполнете ги со смесата, а одозгора ставете парчиња од една банана врз секое колаче.
  7. Печете ги во загреаната рерна 20-25 минути. Пред послужување, оставете ги да се подоладат 5 минути.
Посни колачи со локум
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пита со карамелизирана тиква
Евтин колач со јаболко (посно)
Колач со круши и бадеми
Цимет ѕвездички
Интегрален колач од јаболки
Торта фантазија
Ролат со кокос
Расолница
Куглов со ореви и чоколадо
Чоколадни кроасани
Рум касато
Торта со цели печени јаболки
Посен колач со јаболко и банана
Кокос коцки
Колач со јаболко
Колач со три слоја
Бели колачиња (посно)
Урма торта со ореви
Посен куглов со суво овошје
Таан баклава
Печени пирошки
Колач со јаболки и ореви
Англиска пита со бадеми
Вештерски прсти
Чоколадна парфе торта со ореви

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: