Рецепти
Макарони со свински врат и кашкавал
Потпечена тава сочни макарони за вкусен ручек
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Макарони(500 Грама)
Јајце(3 )
Јогурт(2 Децилитри)
Кашкавал(200 Грама)
Свински врат(4 тенко исечени парчиња )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
- Макароните се ставаат да се варат на тивок оган во тенџере со зовриена вода.
- Во друг сад се матат јајцата, па се додава јогуртот и повторно сето тоа се мати.
- Откако макароните ќе се сварат, убаво се цедат и се посолуваат по желба.
- Подмачкано тавче со масло се става во рерна да се загрее, па се истураат половина од макароните, а свинскиот врат се седи одозгора.
- Се дотураат преостанатите макарони и одозгора се редна кашкавалот.
- Полека со голема лажица постепено се истура изматената смеса од јогурт.
- Се пече прво на 220 степени околу 10-15 минути, а потоа се намалува на 170 степени и се допекува уште 20-30 минути.
- Откако ќе се оладат макароните, се сечат на парчиња и се сервираат.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во