Рецепти
Мариниран ослиќ (посно)
Сервирајте го со додатоци по свој вкус, а најдобро оди со салата од компир и со сок од лимон
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Македонска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Ослиќ(1 Пакување)
Бело вино(100 Милилитри)
Маслиново масло(50 Милилитри)
Балсамико оцет(10 Милилитри)
Лук(2-3 Чешниња)
Лимон(1 )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Маслиновото масло, белото вино и оцетот измешајте ги со зачините, сечканиот лук и со 1/2 цеден лимон.
- Рибата убаво премачкајте ја со маринадата и оставете ја неколку часа да отстои. Може да ја маринирате рибата од навечер, а да ја печете следниот ден.
- Потоа наредете го маринираниот ослиќ во намастена тепсија за печење, полијте го со маринадата и печете го во загреана рерна додека добие румена боја.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во