Рецепти
Мини бургери Ана Ѓорова

Вкусни, домашни бургери со говедско месо кои се одлично предјадење или ручек

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(3 1/2 Чаши)

Јајце(1 )

Шеќер(1/4 Чаша)

Сол(1 1/4 Кафена лажица)

Квасец во прав(1 Супена лажица)

Маргарин(1-3 Супени лажици)

Сусам

Плескавица говедска(12 мали од по 40 грама )

Кашкавал(12 Парчиња)

Марула(неколку листови )

Домат(3 )

Сенф(2 Супени лажици)

Мајонез(1 Супена лажица)

Кисели краставички(200-250 Грама)

Маслиново масло(3 )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 3 часа

  1. Измешајте ги брашното, јајцето, шеќерот, солта и квасецот и додајте до 1 чаша топла вода (или помалку) за да замесите меко тесто. Тестото замесете го во топка и ставете го во сад, покријте го со фолија и оставете го да стасува 1-2 часа или додека не нарасне дупло.
  2. Во меѓувреме загрејте 3 лажици масло во една тава и на него пржете ги плескавиците од двете страни (по 2-3 минути од секоја страна). Додајте им сол, бибер и држете ги настрана на топло.
  3. Стасаното тесто поделете го на 12 парчиња и формирајте мали топки. Наредете ги врз намастен плех, покријте ги со фолија и оставете ги да стасаат 1 час.
  4. Потоа растопете малку путер (1-3 лажици) и премачкајте ги топчињата тесто.
  5. Врз пола од топчињата наросете сусам и ставете ги во загреана рерна на 190 степени да се печат 15-18 минути додека убаво не заруменат.
  6. Потоа извадете ги од рерна и премачкајте ги со останатиот растопен путер и оставете ги да се оладат.
  7. Исечете ги лепињите на половина и премачкајте ги со мајонез измешан со сенф. Во секое лепче ставете по лист марула, парче кашкавал, крукче домат и плескавица.
  8. Сервирајте ги декорирани со печурка или кисела краставичка, набодени на чепкалка.
Пита со блитва и со коприва
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Посни крокети со спанаќ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лут зелник
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Пача
Пинџур со суви везени пиперки
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Топчиња од зеленчук
Ролнички со соја, праз и печурки
Праз во рерна со козјо сирење
Печен карфиол со сладок компир
Похувани буковки
Ќофтиња од карфиол
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Солен куглов со шунка
Пита масленица
Куглов погача со сирење
Топчиња со блитва
Солени бомбици од сирење
Бабини кифлички

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: