Рецепти
Млечни кременадли
Вака приготвените свински кременадли во млеко се многу меки и одлични на вкус. Послужете ги со пире од компир и свежа сезонска салата.
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Брашно(2 Супени лажици)
Масло(4 Супени лажици)
Сенф(1 Супена лажица)
Лук(2 Чешниња)
Млеко(по потреба )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Кременадлите посолете ги, извалкајте ги во брашно, а потоа пропржете ги на врело масло за да заруменат од двете страни.
- Пржените кременадли наредете ги во намастен огноотпорен сад, премачкајте ги со сенф и врз нив истурете го маслото во кое се пржеа.
- Лукот ситно исечкајте го и истурете го врз месото и зачинете го по вкус.
- Кременадлите прелијте ги со млеко и печете ги во рерна на 200 степени додека омекнат, а вишокот млеко да изврие.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во