Рецепти
Мусака од њоки Ана Ѓорова

Ова јадење одзема повеќе време за готвење, но е превкусно и вреди да се направи

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Компир(800 Грама)

Кашкавал(300 Грама)

Шунка(200 Грама)

Свежи шампињони(500 Грама)

Брашно(100 Грама)

Путер(50 Грама)

Јајце(3 )

Кечап(4 Супени лажици)

Суво оригано(1 Супена лажица)

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

Њоки:

  1. Сварените компири се дробат како за пире, се додава половина од путерот, се ренда 100 грама кашкавал и се меша со лажица. Се додаваат брашното и 3-те јајца и се замесува убаво тесто. Се остава да отстои 30 минути.
  2. На набрашнета површина се расукува тестото од компири и се формира долгнавеста форма.
  3. Формата се сече на парчиња и се формираат њоките. Се набрашнуваат и се шараат со ситната страна на рендето.
  4. Њоките сварете ги 5 минути во тенџере со зовриена и солена вода и извадете ги со решеткаста лажица во чинија настрана.

Фил:

  1. Шампињоните исечкајте ги на листови и пржете ги во тава со останатиот путер и со масло. Пржете ги и додајте сол и бибер по вкус, па тргнете ги настрана.
  2. Шунката исечкајте ја на ситни коцки, додајте го ориганото и кечапот и убаво промешајте, па ставете во друг сад.
  3. Половина од њоките распоредете ги во подмачкан со масло, огноотпорен сад. Врз нив наредете ги пржените шампињони, па шунката со кечап. Одозгора распоредете ги останатите њоки. На крајот врз њоките изрендајте ги преостанатите 200 грама кашкавал.
  4. Јадењето печете го во загрена рерна на 200 степени околу 30 минути.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: