Рецепти
Мустаќи торта Ана Ѓорова

Декоративна чоколадна торта што може да ја подготвите како роденденско изненадување

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Прашок за печиво(1 (за бел пандишпан) )

Шеќер(5 лажици (за бел пандишпан) )

Брашно(5 лажици (за бел пандишпан) )

Јајце(5 (за бел пандишпан) )

Црно чоколадо(1 (за црн пандишпан) )

Шеќер(5 лажици (за црн пандишпан) )

Прашок за печиво(1 (за црн пандишпан) )

Мелени ореви(5 лажици (за црн пандишпан) )

Брашно(2 лажици (за црн пандишпан) )

Јајце(5 (за црн пандишпан) )

Пудинг од ванила(1 (за бел фил) )

Кроасани(1 пакетче мали (за бел фил) )

Бело чоколадо(1 (за бел фил) )

Шеќер(250 грама (за бел фил) )

Маргарин(1 (за бел фил) )

Шеќер во прав(200 грама (за бел фил) )

Млеко(500 милилитри (за бел фил) )

Нишесте (пченкарен скроб)(1/2 пакетче (за бел фил) )

Мелени бисквити(200 грама (за кафен фил) )

Мелени ореви(200 грама (за кафен фил) )

Маргарин(30 грама (за кафен фил) )

Црно чоколадо(1 (за кафен фил) )

Маргарин(20 грама (за глазура) )

Црно чоколадо(1 (за глазура) )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Бел пандишпан: во длабок сад се матат јајцата и шеќерот, па се додаваат брашното и печивото. Смесата се пече во кружен плех број 30.
  2. Кафен пандишпан: во длабок сад се матат јајцата и шеќерот, потоа се додава брашното и печивото и на крај мелените ореви и сечканото чоколадо. Смесата се пече во истиот плех.
  3. Двата пандишпани се сечат како на сликата.

01

4. Бел фил: се вари млекото со шеќерот, потоа се додаваат пудингот и густинот заедно измешани и се трга од оган. Се додава белото чоколадо и се остава да се излади. Посебно се мати маргаринот со шеќерот во прав, па се додава во изладената смеса и се мати.

5. Кафен фил: чоколадото се топи со маргаринот, се додаваат мелените ореви и мелените бисквити. Во оваа смеса се додаваат 5 лажици од веќе приготвениот бел фил и се меша додека се изедначи смесата.

6. Се земаат 2 дела од кафениот пандишпан и се поставуваат во облик на мустаќи. Одозгора се филува со белиот фил, врз него се редат мали кроасани и се покриваат со преостанатиот фил.

7. Се ставаат другите 2 дела од белиот пандишпан и се филува со кафениот фил.

8. Глазура: се топи чоколадото за готвење со маргаринот и со ваквата глазура се премачува целата торта. Може по желба да декорирате со шлаг крем од чоколадо (2 пакувања шлаг крем се матат со 200 мл млеко) со помош на готварски шприц и со чоколадни трошки, но само глазура од чоколадо е доволна.

Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: