Рецепти
Новогодишна елка со Нутела Ана Ѓорова

Одличен празничен десерт за страсните обожаватели на благото

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(150 Грама)

Путер(100 Грама)

Вода(75 Милилитри)

Сол

Нутела крем(по вкус )

Жолчка од јајце

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 2 часа

  1. Изматете го омекнатиот путер пенасто заедно со 30 грама од брашното.
  2. Останатото брашно измешајте го со млаката вода и со малку сол и месете додека да добиете меко тесто.
  3. Мекото тесто расукајте го четвртасто на набрашнета површина. Во центарот додајте ја смесата од путер и брашно (која претходно малку ја засукавте во фолија со сукало).
  4. Преклопете го тестото од две страни, засукајте го, па преклопете го од другите две страни и повторно засукајте го.
  5. Повторете ја постапката уште неколку пати , така што, меѓу секое ново засукување ставајте го тестото да отстои во фрижидер по 10 минути.
  6. По последното расукување на тестото, оставете го во фрижидер 1 час.
  7. Поделете го тестото на два еднакви дела и расукајте ги во два еднакви четириаголници.
  8. Едното тесто убаво премачкајте го со Нутела крем. Поклопете го внимателно со другото тесто.
  9. Така преклопените теста со крем, пресечете ги во форма на голем триаголник.
  10. Од основата на тестото на десната страна почнете да правите хоризонтални засеци (гранките на елката) сè до врвот. Повторете го тоа и од другата страна на триаголникот.
  11. Почнете да ги виткате „гранките“ на тестото од доле, па нагоре. Внимателно за да не истече кремот.
  12. Премачкајте го целото тесто со изматена жолчка од јајце и печете го на 180°C, околу 25 минути.
  13. Оставете го да се олади, а потоа наросете го со шеќер во прав.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: