Рецепти
Рижото со октопод (посно) Ана Ѓорова

Оризот на овој начин со октопод, зеленчук и зачини е многу вкусен. Подгответе го за ручек или вечера.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Ориз(350 Грама)

Октопод(1 среден )

Домат(2 позрели )

Кромид(1 Главица)

Морков(1 )

Целер(1 страк )

Магдонос(1 Китка)

Бистра зеленчукова супа

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Во една поголема тава или во тенџере на загреано масло пропржете го сечканиот кромид, па додајте ги сечканите моркови и целер; по неколку минути додајте ги и лупените и исечкани домати, исчистени од семки (претходно малку провријте ги во зовриена вода).
  2. Пропржете така уште неколку минути, па кога зеленчукот ќе омекне, додајте го октоподот исечкан на парчиња; оставете да се готви 15 минути на умерен-тивок оган.
  3. Потоа додајте го оризот и мешајте неколку минути; со постојано мешање додајте во тенџерето 2 кутлачи топла зеленчукова супа. Оставете го јадењето да зоврие, па гответе додека оризот се свари. Додавајте повремено уште супа и мешајте.
  4. На крајот зачинете го јадењето со сол, бибер и сечкан магдонос по вкус.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: