Рецепти
Овесни колачи од банани и јагоди Ана Ѓорова

Одлични за појадок со чаша млеко или како ужинка помеѓу оброците

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јагоди(350 Грама)

Јаворов сируп(или мед 90 милилитри )

Чиа семе(2 Супени лажици)

Екстракт од ванила(2 Кафени лажици)

Овесни снегулки(160 Грама)

Прашок за печиво(1 Кафена лажица)

Банана(2 средни )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Јагодите исчистете ги и исечкајте ги, а потоа ставете ги во тенџере на умерен оган со 30 мл јаворов сируп (или мед). Гответе ги јагодите 5-15 минути или помалку додека добиете кашеста и густа смеса. Мешајте повремено.
  2. Потоа додајте ги чиа семките и 1 кафена лажица екстракт од ванила, па продолжете со мешање и готвење уште 5 минути.
  3. Тргнете од оган и оставете ја смесата да се олади.
  4. Загрејте ја рерната на 190 степени.
  5. Во блендер ставете 1 чаша од овесните снегулки и изблендирајте ги додека добиете прав. Префрлете ги во голем сад и додајте ги останатите овесни снегулки и прашакот за печиво и добро измешајте.
  6. Бананите испасирајте ги и додајте ги во смесата со овесните снегулки. Додајте ги и 60 мл јаворов сируп (или мед) и лажичка ванила екстракт. Измешајте добро додека добиете хомогена смеса.
  7. Префрлете 2/3 од смесата во огноотпорен сад (20х20 см) врз намастена хартија за печење. Со прсти или со лажица убаво натапкајте ја на површината.
  8. Одозгора премачкајте со подготвениот џем од јагоди, распоредете убаво со лажица или нож.
  9. На крајот наросете со останатиот дел од овесната смеса.
  10. Печете го колачот 30 минути во загреаната рерна додека стане златнокафен.
  11. Оставете го да се излади, па пресечете го на коцки.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: