Рецепти
Овошна салата во ананас Ана Ѓорова

Вистинско овошно доживување – преполовен ананас богат со овошни плодови и интересен прелив

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Ананас(2 )

Бадеми(30 Грама)

Портокал(2 )

Банана(1 )

Свеж сок од лимон(1 Супена лажица)

Сок од портокал(1 Супена лажица)

Јаворов сируп(2 Супени лажици)

Рум(2 Супени лажици)

Чоколаден прелив(6 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 35 минути

  1. Употребете готови бадеми – излупени и исечкани, во спротивно излупете ги и исечкајте ги на листови, а потоа во тава без масло кратко пропржете ги колку да добијат светлокафена боја. Ставете ги во сад настрана и оставете да се оладат.
  2. Употребете 2 помали ананаси, преполовете ги по должина заедно со зелениот дел.
  3. Месестиот дел од внатрешноста издлабете го со тоа што ќе оставите 2 см на краевите.
  4. Издлабениот дел од ананасот исечкајте го на парчиња и оставете го настрана.
  5. Во подлабок сад излупете ги портокалите и бананите и исечете ги на парчиња.
  6. Додајте сок од лимон врз портокалите и бананите и измешајте. Додајте го месестиот дел од ананасот кој претходно ги исечкавте на парчиња и повторно промешајте.
  7. Во друг сад измешајте го сокот од портокал, јаворовиот сируп и румот, а потоа додајте врз салатата.
  8. Смесата од овошната салата и преливот распоредете ја во преполовените ананаси.
  9. На крај, додајте чоколаден прелив и наросете со бадемите. Уживајте!
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: