Рецепти
Овошна торта со крем од жолчки Ана Ѓорова

Лесна и вкусна торта од банани и киви за љубителите на овошните десерти

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(10 )

Слатка павлака(300 Милилитри)

Киви(4 )

Банана(3 )

Шеќер(400 Грама)

Алкохолен оцет(1 Супена лажица)

Лебни трошки(3 Супени лажици)

Млеко(500 Милилитри)

Ванилин шеќер(2 Пакувања)

Брашно(100 Грама)

Путер(250 Грама)

Рум(30 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 100 минути

  1. Белките изматете ги со миксер, постепено додавајќи 300 г шеќер. Откако шеќерот ќе се растопи и убаво ќе ги изматите, додајте го оцетот и матете додека белките ја добијат потребната цврстина.
  2. Во 3 калапи обложени со хартија за печење наросете по 1 лажица лебни трошки, па во калапите распоредете ја смесата од матени белки.
  3. Ставете ги калапите во рерна и печете 15 минути на 150 степени.
  4. Во тенџере на оган ставете 300 мл млеко и 100 г шеќер.
  5. Во друг сад со жица за матење измешајте ги жолчките, ванилиниот шеќер, брашното и преостанатото млеко, па додајте ги во тенџерето со зовриеното млеко со непрекинато матење со жицата.
  6. Откако кремот ќе ја добие потребната густина, тргнете го тенџерето од оган и оставете го кремот целосно да се олади.
  7. Во сад за матење со миксер пенасто изматете го путерот, па додајте ги изладениот крем и румот. Матете со миксер додека филот се соедини.
  8. Кивите и бананите излупете ги и исечете ги на тенки парчиња.
  9. Во друг сад изматете ја павлаката додека ја добие потребната цврстина.
  10. На чинија за торта ставете го првиот пандишпан и премачкајте го со филот, па врз филот наредете половина од кивите и премачкајте со изматена слатка павлака.
  11. Ставете го вториот пандишпан, филувајте и врз филот наредете ги бананите и премачкајте со изматена слатка павлака.
  12. Ставете го третиот пандишпан и целата торта премачкајте ја со преостанатиот фил и слатката павлака.
  13. Декорирајте со преостанатите свежи киви и оставете ја тортата во фрижидер пред послужување.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: