Рецепти
Палачинки со месо и зеленчук
Домашни палачинки за едноставен ручек кога немате идеја што да подготвите
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јајце(3-4 )
Брашно(10 Супени лажици)
Газирана вода(по потреба )
Мешано мелено месо(500 Грама)
Кромид(2-3 Главици)
Рендан морков(3-4 )
Кинеска зелка(200 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути
- Изматете ги јајцата заедно со брашното и со газирана вода по потреба за да добиете смеса за палачинки. Оставете да отстои неколку минути, па во тава со масло пржете палачинки.
- Пржените палачинки оставете ги да се оладат, па една по една ставете ги на рамна површина.
- Во меѓувреме подгответе го филот: во тава загрејте масло и ставете го кромидот да се пропржи, па додајте го меленото месо и пржете го со мешање.
- Потоа додајте ги ренданите моркови, ренданата кинеска зелка и зачинете со бибер и вегета по вкус. Пржете додека зеленчукот омекне.
- На еден крај од палачинките се става фил, па се виткаат во форма на пирошка. Послужете ги палачинките со соја сос, павлака или со домашен кечап и сервирајте ги.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во